Submission declined on 23 November 2024 by KylieTastic (talk). The submission appears to be written in macedonian. This is the English language Wikipedia; we can only accept articles written in the English language. Please provide a high-quality English language translation of your submission. Otherwise, you may write it in the macedonian Wikipedia.
Where to get help
How to improve a draft
You can also browse Wikipedia:Featured articles and Wikipedia:Good articles to find examples of Wikipedia's best writing on topics similar to your proposed article. Improving your odds of a speedy review To improve your odds of a faster review, tag your draft with relevant WikiProject tags using the button below. This will let reviewers know a new draft has been submitted in their area of interest. For instance, if you wrote about a female astronomer, you would want to add the Biography, Astronomy, and Women scientists tags. Editor resources
|
This is a draft article. It is a work in progress open to editing by anyone. Please ensure core content policies are met before publishing it as a live Wikipedia article. Find sources: Google (books · news · scholar · free images · WP refs) · FENS · JSTOR · TWL Last edited by KylieTastic (talk | contribs) 7 days ago. (Update)
Finished drafting? or |
Љупчо Гугов
editPersonal information | |||
---|---|---|---|
Full name | Љупчо Гугов | ||
Date of birth | 12 октомври 1955 | ||
Date of death | 22 ноември 2020 | ||
Position(s) | Десно крило/центарфор | ||
Senior career* | |||
Years | Team | Apps | (Gls) |
1971-1977 | Дојранско Езеро | ||
1977-1981 | Кожуф | ||
1981 | Вардарски | ||
1981-1983 | Кожуф | ||
1983-1984 | Дојранско Езеро | ||
1984 | Беласица | ||
1984-1996 | Дојранско Езеро | ||
1996 | Борец Фурка | ||
Total | (250+) | ||
International career | |||
1983 | Аматерска репрезентација на Македонија | 4 | |
*Club domestic league appearances and goals |
Љупчо Гугов (12 октомври 1955 - 22 ноември 2020) – поранешен македонски фудбалер. Има играно во Дојранско Езеро, Кожуф, Вардарски, Беласица, Борец Ф и во аматерската репрезентација на Македонија. Во својата богата фудбалска кариера играл на позиција десно крило и центарфор и постигнал над 250 гола.[1]
Фудбалска кариера
editДојранско Езеро
editЉупчо Гугов е роден на 12 октомври 1955 година, во Дојран. Уште од 10 годишна возраст, играјќи на меѓумаалски натпревари низ полјаните, бил забележан од тренерите на Дојранско Езеро. Бидејќи бил мошне брз и имал вродено осет за гол, со неполни 16 години почнал да настапува за првиот тим на Дојранско Езеро, кој тогаш се натпреварувал во Гевгелиската општинска лига.
Кожуф
editВо 1977 година, Гугов ја прифаќа понудата на тогашниот претседател на Кожуф, Тихомир Крантов и преминува во екипата на Кожуф од Гевгелија, која тогаш игра во Македонската лига. Гугов брзо се вклопува и станува прв голгетер на екипата. Таму настапува 4 години.
Вардарски
editНо, по 4 сезони минати во Кожуф, каде игра доста добро, Гугов не може да одолее на уште еден предизвик, односно да ја одбие понудата на богданската легенда, Томче Шимов и во 1981 година со тешко срце го напушта Кожуф и преминува во Вардарски, кој штотуку влегува во Македонската лига. Во Вардарски игра солидно, но сепак не успева да се склопи во нивната концепција и по само една полусезона го напушта клубот.
Кожуф
editСе враќа во Кожуф, каде останува уште две години и речиси на секој натпревар се запишува во листата на стрелци. Игра многу дерби натпревари, но најдобар и најзначаен му е натпреварот против Работнички, кога на Градски во Скопје, постигнува гол во 89 минута за победа на неговиот тим. По овој меч доаѓа и неговото најголемо признание, покана од селекторот Илија Игњатовски да заигра во Македонската аматерска репрезентација, со која има одиграно 4 натпревари.
Дојранско Езеро
editВо 1983 година, Дојранско Езеро за првпат влегува во меѓурегионалната лига (Втора Македонска лига) и Гугов се враќа во својот матичен клуб, каде почнал да ја учи фудбалската абецеда. Настапува заедно со Стојан Џинев, Попкочев, Благој и Томе Ѓоргиевски и останатите играчи на Дојранско Езеро, кои предводени од амбициозниот Никола Ѓелебешев, успеваат да го доведат клуб на само еден натпревар од Првата Македонска лига. Но за несреќа се поразени од Балкан од Скопје, со што пропаѓа шансата на златната генерација на Дојранските рибари да го достигне својот најголем фудбалски дострел.
И покрај тоа што Дојранско Езеро играл во Втората лига на Македонија, Гугов добивал понуди од повеќе квалитетни екипи и тоа : Пелистер од Битола, Победа од Прилеп, Брегалница од Штип, Вардар од Скопје, Партизан од Белград. Но, сепак најголема и најпримамлива била таа на сплитски Хајдук, со кој бил блиску до договор, но поради некои причини останала неискористена.
На 29 ноември 1983 година во Струмица е одигран прошталниот натпревар на Благој Истатов, кој се играл меѓу Беласица и Партизан. Играат повеќемина познати фудбалски имиња, како : Голац, Пауновиќ, Бјековиќ, Вуктоиќ, Јоциќ, Манце, Сребров, Дрвошанов, Вокри, а меѓу нив и Гугов.
Беласица
editЗимата 1984, на покана на тренерот на Беласица, Благој Истатов, Гугов во замена на 5 играчи оди во Беласица, која во тој период игра во Втората лига на Југославија. Тој е во таа генерација која ќе остане запишана со златни букви во историјата на струмичкиот фудбал засекогаш.
Дојранско Езеро
editИако покажува квалитети и во Беласица, носталгијата кон Дојран го прави своето и по само шест месеци повторно се враќа во Дојранско Езеро. Таму игра уште петнаесетина години, а во еден период и повторно го враќа Дојран во Втората Македонска лига.
Борец Фурка
editПред да замине во фудбалска пензија, за чест на неговиот пријател, д-р Ристо Делев, прифаќа да игра и за Борец од Фурка, на кој помага да влезе во регионалната лига (Трета Македонска лига). Во еден период игра и како голман.
Фотографии
edit
- ^ "Љупчо Гугов". Љупчо Гугов. 2024-11-23. Retrieved 2024-11-23.